Новиот вид коронавирус ќе донесе повеќе хоспитализации и повеќе смртни случаи покажале истражувањата што ги направиле британските научници. Тие дошле до заклучок дека новиот сој е позаразен, но за 56 проценти во однос на оригиналната верија, а не за 70 проценти колку што рече премиерот Борис Џонсон кога ги објавуваше рестирктивните мерки за Лондон и за дел од Англија.
Сепак и овој податок покажува дека ширењето на вирусот е драстично поголемо во однос на претходно велат истражувачите. Според нив мутираната верзија ќе придонесе за повеќе хоспитализации и за повеќе смртни случаи. Според научниците, мерките кои ги воведе Велика Британија нема да го намалат ширењето на вирусот.
Во Велика Британија во средата беа регистрирани нови 40 илјади случаи за 24 часа што е највисока бројка досега. Во земјата има вкупно 2,1 милион заразени и 70 илјади смртни случаи.