Новиот возачки режим е комбинација од две апликации, Android Auto и Google Maps, со додавање на Google Assistant
Многу современи автомобили денес, на централната конзола, имаат интегриран екран за инфо-забавниот систем со кој е можно да се поврзе паметен телефон преку апликациите Android Auto и Apple Car Play..
Оние кои немаат екран во автомобилот, но го користат екранот на својот паметен телефон за навигација, наскоро ќе добијат нова апликација која го олеснува пристапот до содржината на телефонот за време на возењето и им овозможува на возачите да го користат асистентот во апликацијата Google Maps.
Новиот возачки режим е еден вид комбинација на две апликации, Android Auto и Google Maps, со додавање на Google Assistant.
Станува збор за нов интерфејс кој ќе се најде на дното на прозорецот за навигација. Кратенката за активирање на асистентот е во долниот лев агол на екранот, додека кратенката за пристап до други апликации е во десната страна. Новиот интерфејс носи и многу поедноставен начин за контрола на музичкиот плеер.
Новиот режим ќе се појави на екранот веднаш штом ќе ја активирате навигацијата. Како и во случајот со Android Auto, можно е да добивате пораки од разни апликации на екранот и да одговарате на нив гласовно.
Дојдовните телефонски повици нема да го зафаќаат целиот екран на вашиот телефон, па затоа истовремено ќе може да имате преглед на мапата.
Дистрибуцијата на новиот помошен интерфејс за апликацијата Google Maps веќе започна во Соединетите држави. Сè уште нема информации за тоа кога ќе стане достапна за корисници.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли