5G RAN gNodeB и LTE eNodeB на Huawei го помина тестирањето на Спецификациите за утврдување на безбедноста на 3GPP (SCAS). Тестирањето беше изведено од страна на DEKRA, првата лабораторија за тестирање за безбедност во Европа акредитирана за тестирање на SCAS.
Извештајот е објавен на веб-страницата на GSMA (линк). По положената ревизија на GSMA за осигурување на безбедност на мрежна опрема (NESAS) (линк) и SCAS тестот на 3GPP, Huawei станува првиот продавач на 5G и LTE што официјално ја положил проценката на NESAS на GSMA. NESAS обезбедува вистински тип на стандарди за комуникациска индустрија, тие се авторитативни, прилагодени, ефикасни, унифицирано отворени, глобални и постојано се развиваат.
По успешното ревидирање на процесите на развој и животен циклус на производи, производите на Huawei 5G и LTE се оценети со безбедносни тестови дефинирани со 3GPP, а тестирањето според тие барања овозможува објективно да се мери нивото на безбедност на мрежните производи. DEKRA, првата акредитирана лабораторија за тест за безбедност на NESAS во Европа, изврши безбедносно тестирање на 5G RAN gNodeB и LTE eNodeB на Huawei. Тестовите вклучуваат општа безбедност на мрежниот производ, безбедност на воздушниот интерфејс и основно тестирање на ранливост, како што се заштита на податоци и информации, шифрирање на воздушниот интерфејс, заштита на интегритетот и тестирање на робусноста. Според извештајот, сите тестови споменати погоре се 100% положени.
NESAS/SACS е стандардизиран механизам за проценка на сајбер безбедноста. Заеднички беше дефиниран од GSMA и 3GPP, водечките организации за поставување стандарди во телекомуникациската индустријата. За да создадат NESAS/SACS, тие се консултираа со оператори, продавачи, регулатори и партнери во индустријата ширум светот. NESAS/SACS се дизајнирани специјално за мобилната индустрија. Ова обезбедува анализа на закани, дефинирање на клучните средства, методологија за осигурување на безбедноста и општи барања за осигурување на безбедноста. Интегрираниот процес на проценка избегнува фрагментирани проценки и спротивставени барања за осигурување на безбедноста на различни пазари. Во меѓувреме, секогаш е отворено за повратни информации од различни засегнати страни и ќе продолжи да се развива со редовни нови изданија.
Довербата се базира на факти, кои мора да бидат проверливи и проверката мора да се заснова на заеднички стандарди. За 5G мрежите, NESAS/SACS обезбедува вистински тип на стандарди: прилагодени, авторитетни, глобални, ефикасни, унифицирани, отворени, постојано во развој. Huawei, како активен учесник,ги поддржува GSMA и 3GPP во развојот на глобална стандардизирана проценка на безбедноста и ја поттикнува индустријата широко да усвојува NESAS/SCAS за промовирање на одржлив развој на стандардите за безбедност на оваа глобална мрежа.
Поврзани артикли