Иако нема гаранција дека оваа технологија ќе добие зелено светло за производство, концептниот смартфон изгледа интересно.
Се работи за уредот „облечен“ во материјал под назив ECMF (Electronic Color Material and Finish) кој содржи метален оксид, а кој се активира под погон.
Резултатот е менување на бојата на стаклото од темно сина во светло сребрена боја.
„Кога станува збор за боите, нашите дизајнери се инспирирани од минералните извори Памуккале во Турција“, соопштија од компанијата OnePlus.
The OnePlus 8T is an amazing overall smartphone, but we’re always exploring cool new technologies—not necessarily to bring to market, but just to see what else is possible. Check out our latest experiment: the Concept 8T. pic.twitter.com/jmJMVcyBMT
— Pete Lau (@PeteLau) December 21, 2020
Смартфонот се менува и кога имате дојдовен повик, а со помош на mmWave технологијата може да се детектира дишењето на корисникот и со тоа да се синхронизира и промената на бојата.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли