Станува збор за остатоци стари 57.000 години, а научниците тврдат дека се работи за најстариот и најкомплетно сочуван волк.
Совршено сочувани остатоци од младенче на праисториски волк се пронајдени во Јукон, Канада. Станува збор за остатоци стари 57.000 години, а научниците тврдат дека се работи за најстариот и најкомплетно сочуван волк.
„Мумијата е целосно комплетна, ја има целата кожа, скоро целото крзно и меките ткива“, изјави професорката Џули Мичен од Универзитетот Дес Моинес во Ајова.
Женското младенче од волк, наречено Zhur, е најстариот и најкомплетен примерок некогаш пронајден, а на научниците ќе им овозможи увид во животот на овие животни. Со користењето на икс-зраци, експертите открија дека во моментот кога загинало, младенчето имало само 6 или 8 недели.
Со анализа на изотопите откриено е дека младенчето живеело во време кога глечерите се повлекле. Младенчето и мајката се хранеле со лосос и птици.
Неколку добро сочувани волци досега беа пронајдени во Сибир, но многу ретко во Северна Америка.
Извор: Klix.ba