Некои од знаците кои што ни ги испраќа нашето тело укажуваат на оваа опасна болест.
Првиот знак кој што укажува на канцер на коските е јаката болка, а многумина од луѓето поради таа болка во коските помислуваат дека патат од артритис и поради тоа го занемаруваат тој симптом.
Канцерот на коските настанува кога ќе се создадат клетки кои што ги уништуваат коските во човечкото тело.
Овој карцином може да се развие во било која коска во телото, а најчесто заболуваат подолгите коски, како на пример коските на рацете и нозете.
Постојат три вида канцер на коските:
– остеосарком, воглавно од него заболуваат децата и адолесцентите
– јуингов сарком, најчесто се појавува од 10 до 20 година од животот и
– хондросарком, кој што воглавно се појавува кај постарите луѓе.
Симптомите кои што укажуваат на канцер на коските е болка која што на почеток е поднослива, но со текот на времето се зголемува, а најмногу се појавува кога човекот ќе легне да спие.
Исто така, на болеста укажува и зголемената телесна температура (над 38 степени), зголемено потење во текот на ноќта и нагло ослабнување.
Поврзани артикли