Новите истражувања го потврдуваат фактот кој го навеле луѓето кои доживеале клиничка смрт: после престанувањето на работата на срцето, мозокот работи уште неколку часа.
Човечкиот мозок сè уште работи откако срцето ќе престане, со други зборови, мозокот знае дека сте мртви. Тоа го покажало истражувањето спроеведно на Универзитетот „Stony Brook School of Medicine“ во Њујорк. Луѓето кои умираат сепак остануваат уште некое време свесни за сè што се случува околу нив, напоменуваат научниците.
Оние кои преживеале срцев удар и ‘се вратиле’ после клиничката смрт, често сведочат дека знаеле што се случувало околу нив, слушале и кога лекарите го прогласувале времето на нивната смрт, односно, времето кога срцето им престанувало со работа.
Водичот на истражувањето, доктор Сем Парниа, од споменатиот Универзитет, објаснил дека за време на истражувањето се покажало дека лицата кои ‘ќе се вратат во живот’, после тоа искуство, имаат зголемена желба да им помогнат на другите.
„Во своите искуства опишуваа дека ги гледале докторите и медицинскиот персонал како работат и се обидуваат да ги спасат и дека биле свесни за тоа“, рекол Парниа за „LiveScience“.
Докторите го прогласуваат времето на смртта кога срцето ќе престане да работи, но мозокот и понатаму е ‘жив’. Кога на лице со срцева слабост ќе му се даде вештачко дишење и срцева масажа за да се врати во живот, мозокот тогаш добива 50 проценти од потребниот кислорот, објаснува тој, со што се одржуваат некои негови функции.
Мозочните клетки можат да бидат активни уште неколку часа откако срцето ќе престане да работи, пишува Дејли Мејл. Колку подолго му давате вештачко дишење и масажа на срцето, толку подолго ќе се одржи и таа делумна активност на мозоот, но на побавно ниво.
Извор: Kurir.rs