Кинескиот производител на електрични автомобили Xpeng започна да ги доставува првите возила на клиентите во Европа.
Првиот контингент од 100 кросовери Xpeng G3 пристигна во Норвешка, каде што ќе се продава по прилично прифатлива цена, кога станува збор за овој тип на возило.
Имено, G3 чини 358.000 круни (околу 33.500 евра), што е релативно мала цена ако се знае дека електричните кросовери од западните производители, вклучително и Тесла, чинат значително повеќе.
Кинеската компанија го „скрши мразот“ во Европа преку Норвешка, со оглед на фактот дека електричните автомобили се многу добро прифатени во таа земја. Од следната година компанијата има намера да започне со продажба и во други европска земја.
Xpeng е еден од неколку стотици кинески стартапи со електрични автомобили, но исто така и само еден од само неколку кои веќе започнале со производство и продажба на електрични возила.
Во средината на декември 2018 година започна производството на првиот модел, кросовер G3, кој се здоби со голема популарност на домашниот, кинески пазар веќе следната година.
Од Xpeng не кријат дека нивни пример за лансирање на брендот на електрични автомобили бил американскиот производител Тесла.
Поврзани артикли