Веќе некое време се појавуваат информации дека по Ampera, следната графичка архитектура на Nvidia ќе се вика Hopper. Сепак, според последните гласини, компанијата можеби го редизајнирала својот план за објава.
Информацијата е објавена од @WildCracks, и се сугерира дека новата архитектура ќе го носи името Lovelace (по британскиот математичар Adi Lovelace). Новата архитектура ќе користи монолитен дизајн и ќе се заснова на 5 нанометарски процес на производство.
Судејќи според се, има одредена забуна кога станува збор за следната 5nm архитектура, бидејќи Nvidia интерно го користи „ADxxx“ кога зборува за новата архитектура, додека екстерно се нарекува Lovelace.
Според новите детали, Hopper GPU архитектурата исто така се очекува во 5nm процес, но ќе пристигне по Lovelace. Архитектурата ќе користи MCM (мулти-чип дизајн), но не е познато дали ќе биде достапна на мејнстрим пазарот или ќе биде само HPC производ.