НЛБ Банка ги овозможи НЛБ мКлик – мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик – мобилното банкарство за правни лица на платформата AppGallery, за корисниците на новите модели на Huawei мобилни телефони
Достапноста на апликациите за мобилно банкарство за физички и правни лица на платформата Huawei AppGallery е од големо значење бидејќи обезбедува поголема достапност на дигиталните сервиси и можност истите да ги користат сите клиенти на банката.
НЛБ мКлик мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик мобилното банкарство за правни лица имаатмодерен и интуитивен дизајн и овозможувaат едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата на сите сметки, во било кое време и од било кое место, без потреба од посета на Банката. Преку овие две апликации за мобилно банкарство, клиентите можат да гиреализираат сите банкарски трансакции брзо и лесно само со еден клик. Воедно, НЛБ мКлик апликацијата ја нуди можноста за аплицирање за НЛБ мКлик кредит, како и on-line отворање на трансакциска сметка директно преку мобилен телефон.
НЛБ мКлик за физички лица е достапна на линкот.
Апликацијата НЛБ мПроклик за правни лица е достапна на линкот.
Официјалната платформа за преземање апликации на HUAWEI, AppGallery, е во топ 3 продавници за апликации на глобално ниво. Дистрибуирана во над 170 земји и региони, со над 500 милиони активни корисници месечно. На локално ниво, HUAWEI AppGallery брзо се збогатува со најкорисните и најомилените апликации на македонските корисници, вклучително и апликациите на НЛБ Банка.