Новиот вид коронавирус, кој брзо се шири низ делови на Jужна Англија, има невообичаено голем број мутации, дури 22“, вели британскиот виролог Венди Баркли.
Професорката Баркли, шефица на одделот за инфективни заболувања на Кралскиот колеџ во Лондон, изјави за Би-би-си Радио 4 дека обично се забележуваат една до две промени во вирусот, но дека новиот вид корона има дури 22 мутации“.
„Ова е предупредување за итни случаи. Сепак, морам да додадам дека е биолошки можно вирусот да се промени така поради тие мутации“, рече таа.
Професорката истакна дека сега е најважно да се открие дали вакцините сепак се подеднакво ефикасни против новиот вид коронавирус.
Поврзани артикли