Ова е најлесниот и најбрзиот начин да дознаете дали има некаква промена во вас и дали телото ви дава некакви сигнали.
Околу 44 до 77 луѓе кои што биле заразени со коронавирусот го изгубиле сетилото за мирис, а кај некои од нив доаѓа и до „пореметување“ на самото сетило, во поглед на интензитетот на самото чувство, па така некои работи за нив имаат малку поразличен мирис од оној стандардниот.
Поради тоа важно е луѓето секојдневно да се обидуваат да мириснат некои работи. Ненадејното губење на сетилото на мирис може да биде ран знак за Ковид-19.
Освен тоа тестирањето на мирисот може секој да го направи дома, па така тоа може да биде една од алатките во борбата против пандемијата и порано откривање на вирусот (доколку истиот се наоѓа во вашето тело).
Напомена: Губењето на сетилото за мирис не мора нужно да биде поради коронавирусот, затоа што не секоја личност која има намалено ниво на сетило за мирис или пак изгубено е заразена со коронавирус.
Еве што треба да правите секој ден дома: Додека го пиете првото утринско кафе, проверете дали го чувствувате неговиот мирис. Додека се туширате – помирисајте го шампонот.
Се верува дека секојдневната проверка на сетилото за мирис дома помага во исполнување на потребата за брз, поевтин и поспецифичен „алат“ за проверка. Доколку го изгубите сетилото за мирис, изолирајте се (превентивно) и контактирајте го вашиот матичен доктор.
Извор: Srbija Danas
Поврзани артикли