Огромната санта мраз А68а остана без еден дел и најверојатно ова е резултат на судир со морското дно.
Ледениот брег од 3.800 квадратни километри се изврти поради струите и во тој процес остана без дел. Сателитските снимки покажаа дека дел од областа од 150 квадратни километри е одвоен и дека плови одделно од остатокот од сантата.
Овој новоформиран дел од сега веројатно ќе се вика A68d, согласно номенклатурата на Американскиот национален центар за мраз. Претходно, два дела наречени A68b и A68c се отцепија од ледениот брег.
А68а потекнува од Антарктикот и се смета за една од најголемите санти мраз, како А23а која е малку поголема, но едвај се поместува во морето, додека А68а има минато повеќе од 1.500 километри во последните три и пол години и стигна до јужните делови на Атлантскиот Океан. Се движи благодарение на брзата струја што е главната рута за мраз од Антарктикот.
Сантата А68а може да предизвика проблеми доколку се насука во близина на британската прекуморска територија Јужна Џорџија, каде е главното место за хранење на група пингвини и фоки.