Во текот на последните пет години, компанијата Neverware со својот CloudReady софтвер им овозможуваше на поединците, училиштата и компаниите своите стари PC и Mac компјутери да ги претворат во Chromebook компјутери. Со тоа е ефикасно продолжен векот на уредите кои инаку би се сметале за застарени.
Оваа недела Google го купи Neverware со цел CloudReady да го претвори во официјален Chrome OS. Кога тоа ќе се случи, сите постоечки Neverware корисници ќе бидат во можност да извршат апдејт на софтверот. А кога транизицијата ќе биде готова, Google ќе го поддржува CloudReady на ист начин како што сега прави со Chrome OS.
Што се однесува до функционирањето на Neverware, се останува по старо. Home верзијата на CloudReady и натаму ќе остане бесплатна за лична употреба, а поддршката за ентерпрајз клиентите и натаму останува во сила. Исто така, засега нема индиции дека ќе се менува ценовната политика и Google ќе ги прифати сите постоечки повеќегодишни лиценци.
Оваа аквизиција има многу смисла од перспективата на Google, а за корисниците најверојатно ќе бидат отстранети сите досегашни лоши страни. Една од најголемите е тоа што CloudReady немаше можност за инсталација на Android апликации, без оглед што е заснован на Chromium OS. Како што стојат работите, тоа веројатно ќе се промени во иднина и CloudFire/Chromium OS ќе им стане многу поинтересен на идните клиенти.