Motorola се подготвува за објава на нов паметен теелфон, а претходно уредот е сертификуван. Телефонот со ознака на модел XT2127-1/XT2127-2 се појави на FCC листинг.
Смартфонот кој го носи интерното име Motorola Capri, ќе има 5000mAh батерија со поддршка за 19W брзо полнење, а ќе биде достапен само во 4G варијанта.
Покрај тоа, новиот Motorola телефон ќе има основни спецификации, како што е HD+ екран со засек за предната камера и Snapdragon 460 чипсет. Ќе бидат достапни 4GB RAM и 64GB простор за складирање. на задната страна се наоѓаат четири камери.
Останува само да дознаеме како ќе се вика Motorola Capri кога ќе стане комерцијално достапен на пазарот. Ова би можел да биде Moto G10 Play или целосно нов уред од достапната E линија.
Поврзани артикли