Со оглед на тоа што милиони луѓе ширум светот веќе се заразија и излекуваа од коронавирусот, се поставува логичното прашање – треба ли овие луѓе да се вакцинираат?
Неколкумина странски научници го изнесоа своето мислење за потребата за вакцинирање на луѓе кои го победиле коронавирусот.
Тие кои го победиле вирусот исто така ќе бидат прашани дали сакаат да се вакцинираат, изјави доктор Вилијам Шафнер од Универзитетот Вандербилт и дополнително разјасни дека нема да се прави разлика помеѓу оние кои досега не се заразени, оние кои се и оние кои веќе го „прележале“, односно го победиле вирусот.
Според Шафнер, заштитата која човекот ја добива со вакцината би можела да трае подолго од онаа која се стекнува со природната инфекција.
Голем број на експерти за болести, за коронавирусот велат дека коронавирусите често предизвикуваат нецелосна реакција на имунитетот. Тоа е причината поради која науката се уште нема пронајдено вистински и конечен лек ниту за една обична настинка.
Доктор Грегори Поланд од американската клиника „Мајо“ од Рочестер смета дека заразените лица кои имале благи или никакви симптоми на Ковид-19, не развиваат долгорочен имунитет на таа болест. Вели дека вообичаено имунитетот се губи во рок од неколку месеци или најмногу до година или две, со оглед на тоа што моментално во светот се раширени четири бета-коронавируси.
Исто така и доктор Амеш Адалја од Центарот за здравје при Универзитетот „Џонс Хопкинс“, вели дека природната инфекција дава заштита на одреден период и се уште не може да се предвиди колку силен имунолошки одговор има кај одредено лице.
Според Адалја, вакцината кај оние кои го победиле коронавирусот дополнително би го зајакнале имунитетот, а со тоа поефикасно би се спречило понатамошното ширење на вирусот.
Извор: Zimo.hr