Тест верзиите на Google Chrome понекогаш содржат експериментални функции, но корисниците често не знаат за нив, бидејќи прво мораат да ги овозможат Settings ознаките за да ги користат. Ова наскоро би можело да биде променето.
Ghacks и Android Police дознаа дека Chrome Canary 89 ја вклучува Chrome Labs опцијата која овозможува брз пристап до експерименталните функции. Доколку корисникот сака да пристапи на листата за читање или таб пребарувањето, потребно е само да кликне на иконата, да го избере експериментот од паѓачкото мени, а потоа да го рестартира браузерот.
Моментно е потребно да се одобри Chrome Labs преку сопствениот „flag“ (со посета на hrome://flags/ во полето за адреси и Chrome Labs пребарувањето). Не е познато дали ова ќе биде лимитирано на Chrome Canary верзијата или со време ќе стигне и на конечната верзија на браузерот.
Ова не е целосно нов концепт, бидејќи Firefox и Vivaldi имаат сопствени експериментални страници. Меѓутоа, бидејќи Chrome има огромна база на корисници, Labs би можел да биде широко користена функција и на корисниците да им олесни да видат на што работи Google.
Поврзани артикли