SpaceX доживеа уште еден сериозен инцидент со прототип на ракетата Starship.
Прототипот SN9 се распадна на лансирната рампа во Бока Чика, а медиумите пренесуваат дека всушност рампата се урнала.
Три дена претходно, прототипот SN8 експлодира при вршење на тест лет на висина до 12,5 км.
SN8 на 9 декември вршеше движења во воздух, а потоа при спуштањето беше уништен во експлозија. Сепак, во SpaceX се задоволни бидејќи тоа беше најголем „скок“ на ракетата која ќе се користи за испраќање луѓе на Марс.
Ова беше и највисок лет досега бидејќи Starship претходно направи „скокови“ до 150 метри. Овие прототипови немаа конус, крила и други компоненти потребни за контрола на летот во воздухот на горните слоеви на атмосферата.
Извор: Klix.ba
„Притисокот во резервоарот за гориво беше низок во текот на спуштањето, поради што брзината на спуштање беше голема. Сепак, ги добивме сите податоци кои ги сакавме. Честитки до SpaceX, Марс, доаѓаме“, објави Елон Макс на Twitter.