И покрај фактот дека некои може да бидат скептични во однос на квалитетот на селфи фотографиите создадени од уреди со предна камера под екранот, првите впечатоци на корисниците покажуваат дека нема негативни повратни информации кога станува збор за квалитетот. Ова во голема мера се должи на сложените технологии и сопствените алгоритми кои помагаат во оптимизирање и подобрување на фотографиите.
ZTE Axon 20 5G е првиот телефон со камера под екранот објавен досега. Сепак, покрај него, на пазарот има уште два помалку познати модели – Vsmart Aris Pro и Rakuten BIG.
ZTE Axon 20 5G има 6,92 инчен OLED дисплеј со FHD+ резолуција и брзина на освежување од 90Hz. Под екранот, покрај селфи камерата од 32MP, има и сензор за отпечатоци. На задната страна, овој телефон има четири камери (64MP + 8MP + 2MP + 2MP). Се напојува со octa-core чипсет Snapdragon 765G, со 8 GB RAM и 256 GB простор. Во смартфонот е вградена батерија од 4.220mAh, со поддршка за 30W брзо полнење.
Vsmart Aris Pro беше објавен од VinSmart од Виетнам. Телефонот има 6,39 инчен FHD+ AMOLED екран, со 20MP камера под дисплејот. Постојат четири камери на задната страна (64MP + 8MP + 8MP + 2MP). Се напојува со чипсет Snapdragon 730, со 8 GB RAM и 128 GB простор. Додека батеријата е од 4.000mAh, со поддршка за 18W Quick Charge 3.0.
На крајот, Rakuten BIG беше објавен од јапонскиот технолошки гигант Rakuten. Телефонот има 6,9-инчен OLED дисплеј, со FHD+ резолуција и е опремен со 32MP селфи камера под екранот. На задната страна, Rakuten BIG има четири сензорски камери (64MP + 8MP + 2MP + 2MP). Телефонот се напојува со чип Snapdragon 765G, во комбинација со 6 GB RAM и 128 GB простор, а пак батеријата е од 4.000mAh.
Извор: Benchmark.rs