Мексиканските археолози на локалитет во Мексико Сити ископаа уште еден дел од кулата направена од човечки черепи што зад себе ја оставиле древните Ацтеки.

Националниот институт за антропологија и историја на Мексико соопшти дека биле откриени уште 119 черепи на овој археолошки локалитет каде и некогаш бил сместен ацтечкиот храм посветен на богот на сонцето, во кој биле давани и човечки жртви.

Ацтеките живееле и владееле со големи делови на денешно централно Мексико помеѓу 14 и 16 век, потсетува BBC.

„Иако не е можно да се каже колку од пронајдените черепи припаѓале на ацтечките воини, сметаме дека биле жртвувани и голем број затвореници“, изјави археологот Раул Барера.

Извор: B92.net