Оние кои и натаму планираат да го купат Intel Core процесорот од деветтата генерација, би требало да побрзаат. Компанијата објави Product Change Notification кој го обележува престанокот на производство и продажба на споменатата линија. Купувачите нема да можат да ги нарачаат производите од оваа серија по јуни, 2021. година.
Доколку се прашувате зошто некој би ја разгледува 9. генерација, кога 10. генерација Comet Lake процесори е веќе на пазарот, причината е тоа што Intel го користел истото подножје веќе неколку генерации. LGA 1151 подножјето е користено уште од шестата генерација Skylake процесори до 9. генерација Coffee Lake процесори, иако чипсетот е променет.
Кога се во прашање конкретните процесори, кои ќе престанат да се нудат, тоа се Celeron, Pentium Gold, Core i3, Core i5, Core i7 и Core i9. Ова ја вклучува стандардната S серија, отклучената K серија, F серијата без интегрирана графија и комбинацијата од овие производи.
Поновите Comet Lake S процесори и натаму се креирани во 14nm процес, за разлика од 10nm мобилни процесори од Ice Lake семејството. Меѓутоа, изгледа дека во рамките на 11. генерација процесори ќе видиме повеќе 10nm модели, со тоа што Rocket Lake десктоп процесорите и натаму ќе го користат 14nm производен процес.