Флексибилните телефони се уште се малобројни, но технологијата постојано напредува и овозможува се повеќе храбри дизајни.
Најновиот тренд, кој почнуваме да го гледаме се почесто, е извлекување на дисплеите. Оваа технологија веќе ја демонстрираа Oppo и TCL, а Xiaomi би можел да им се придружи со свое решение.
Патентот на Xiaomi од лани, објавен од USPTO (Канцеларија за патенти и трговска марка на САД), ја покажува визијата на кинеската марка за уред со дисплеј што може да се повлече во куќиштето или да се протега на страниците за да формира форма на таблет.
Џермејн Смит (или Concept Creator), во соработка со сајтот LetsGoDigital, создаде рендери базирани на скици за патенти кои подобро илустрираат како може да изгледа овој концептен уред.
Како и секогаш кога станува збор за патенти, информациите за овој уред треба да се земат со доза на резерва бидејќи нема гаранции дека идејата ќе биде претворена во специфичен производ што ќе се појави на пазарот.
Извор: Benchmark.rs
Поврзани артикли