Razer го унапредува својот Blade 15 лаптоп веќе неколку години, додавајќи му подобри главни компоннети, во рамките на минималистичко, но стилизирано куќиште. Компанијата сега објави поевтина варијанта на Razer Blade 15 гејминг лаптопот.
Новата варијанта на лаптопот има шестојадрен Core i7-10750H процесор, 16GB 2933MHz RAM и 6GB GTX 1660Ti графичка карта. Единствениот помал недостаток е 256GB SSD складирањето, кое брзо ќе мора да се прошири преку дополнителниот M.2 PCIe/SATA слот.
Дисплејот доби помала деградација од 144Hz на 120Hz панел. И натаму е во прашање Full HD 15.6-инчен екран, со покриеност од 100% на sRGB спектарот на бои.
Поскладниот профил на лаптопот значи дека ќе бидат достапни помал број на портови, кои ги вклучуваат 2 x USB-A 3.2 Gen 2, 2 x USB-C 3.2 Gen 1 и HDMI 2.0B портот, со 3,5 мм приклучок.
Целиот наведен хардвер на Blade 15 гејминг лаптопот, сместен во алуминиумско куќиште со висок квалитет е достапен по почетна цена од 1500 долари.
Поврзани артикли