Малку неочекувано, поради тоа што компанијата веќе имаше три настани за претставување нови производи оваа есен, Apple преку медиумско соопштение објави нов модел на безжични over ear слушалки, наречени AirPods Max. За овој модел знаевме веќе неколку месеци, некои објавувачи предвидуваа дека може да се појават под името AirPods Studio, но малку кој очекуваше дека ќе видиме во продажба токму сега, пред Божиќ, традиционално најдоброто време за лансирање гаџети.
AirPods Max нудат елиминирање на надворешната врева (noise cancellation), како и „tranparency“ начин на работа со само делумно поништување на бучавата. Слушалките пристигнуваат во пет бои (вселенско сива, сребрена, небесто сина, зелена и розева), а може да се нарачаат преку веб-продавницата на Apple во САД и 25 други земји, меѓу кои засега ја нема Македонија. Цената на слушалките изнесува 549 долари.
Во внатрешноста на слушалките се крие H1 чипот на Apple, познат од помалите Airpods слушалки, кој овозможува безжично спопјување преку Bluetooth 5.0 врска. Рамката на слушалките е изработена од нерѓосувачлки челик, а со функциите се управува преку дигиталната круна на врвот, додаток веќе одамна испроман на паметните часовници Apple Watch. Спротивно на очекувањата, AirPods Max ќе имаат означена лева и десна слушалка, односно нема да се служат со технологијата на распознавање на ориентацијата на главата на корисникот.
За звукот се задолжени 40-милиметарските звучници, а звукот би требало да биде на високо ниво на квалитет. За тоа ќе се погрижи и технологијата Adaptive EQ, која ја прилагодува звучната слика на околината и начинот на користење на слушалките во реално време.
AirPods Max ќе можат да репродуцираат и записи снимени во „просторните“ 5.1, 7.1 и Dolby Atmos технологии. Ќе го следат движењето на главата на корисникот, за да има чувство дека звукот секогаш доаѓа од истиот правец, без оглед на тоа на која страна се врти. Препознавањето на положбата ќе се користи и за автоматско паузирање на репродукцијата, кога корисникот ќе ги извади слушалките. Батеријата ќе пружа до 20 часа работа со вклучени опции на просторниот звук и поништување на вревата.