Следната серија премиум паметни теелфони на Samsung, која ќе ја сочинуваат Galaxy S21, S21 Plus и S21 Ultra, се очекува во текот на јануари следната година. Сега се објавени три кратки тизер видеа, за кои се тврди дека пристигнуваат директно од Samsung, а одговараат на рендерите кои во октомври ги објави OnLeaks.
Тизерите покажуваат што можеме да очекуваме од дизајнот на претстојните смартфони – складен, поедноставен модул за камери кој се вклопува во страницата на телефонот. Моделите S21 и S21 Plus имаат по три камери, додека S21 Ultra има пет.
Забележително е дека S21 Ultra има закривен екран, за разлика од рамните панели на S21 и S21 Plus моделите. Имињата на сите телефони ја содржат ознаката 5G, така што нема да има забуна околу тоа која мрежа ја поддржуваат.
Остатокот од карактеристиките е познат од претходно протечените информации. Телефоните се очекуваат со екрани од 6.3, 6.7 и 6.9 инчи и 120Hz освежување. Ќе ги покренува најновиот Snapdragon 888 чипсет, односно Exynos 2100 за глобалните пазари, а батериите ќе бидат со капацитети од 4000mAh, 4800mAH и 5000mAh. Galaxy S21 Ultra би можел да добие поддршка за S-Pen паметното пенкалце.
Поврзани артикли