Кина отстрани 105 апликации од дигиталните продавници, вклучувајќи ја и американската платформа за патувања TripAdvisor.
Кинеската администрација за сајбер простор, без да наведе детали, соопшти дека отстранетите апликации кршат еден од трите закони за безбедност на Интернет.
Кинеските власти соопштија дека забраната е одговор на содржината што јавноста ја смета за „навредлива“.
Повеќето отстранети апликации се кинески, а потегот беше дел од кампањата за отстранување содржини поврзани со порнографија, проституција, коцкање и насилство.
Меѓу Кина и САД во последните неколку месеци се зголемија тензиите околу сајбер-просторот. Откако американскиот претседател Доналд Трамп ова лето објави дека САД ќе ја забранат апликацијата TikTok, кинеските власти соопштија дека ќе преземат „неопходни мерки“ за да ги заштитат интересите на кинеските компании.
Согласно претходно воведените ограничувања, во континентална Кина веќе се блокирани Google, Twitter и Facebook.
Извор: B92.net