Компанијата Samsung Electronics најави дека Google наскоро ќе им се придружи на постојните гласовни асистенти (Amazon Alexa и Bixby) достапни на паметните телевизори Samsung, со што ќе им овозможи на корисниците полесно управување и пребарување, без потреба од дополнителни преземања, хардвер или инсталација. Со овој пакет, моменталните водечки гласовни асистенти, кои може да се модифицираат според желбите на корисниците, ќе ги има на сите телевизори на Samsung од 2020 година – QLED 4K и 8K, Cristal UHD, како и на lifestyle моделите – Frame, Serif, Sero и Terrace.
Благодарение на поширокиот опсег на опции, корисниците на Samsung Smart телевизорите сега ќе имаат побрз и полесен пристап до својата омилена забавна содржина и одговори на прашања во реално време, како и можност за непречено контролирање на паметните уреди, користејќи говорен асистент по свој избор. Користењето гласовни команди на паметни телевизори го олеснува пребарувањето на канали, прилагодувањето на јачината на звукот, контролата на апликациите и многу повеќе.
„Употребата на гласовни асистенти на паметните телевизори значително се зголеми откако Bixby беше претставен во 2018 година. Сега, со поддршката на Google асистентот и Amazon Alexe, ги повикуваме корисниците да очекуваат и да бараат уште повеќе од нивните телевизори,” рече Seline Han, потпретседателка на бизнис одделот за визуелни дисплеи во компанијата Samsung Electronics.
Со помош на гласовните асистенти, љубителите на забава сега лесно може да ја пронајдат посакуваната содржина, со пребарување по жарн, режисер или актер. Покрај новите ТВ програми и филмови, Alexa, Bixby и Google асистентот исто така нудат информации за временските услови, најновите резултати од натпревари или ги нудат вашите омилени мелодии. Покрај тоа, Google асистентот им овозможува на корисниците пристап и до другите услуги на Google што можат да им го олеснат секојдневниот живот – „Google Search, Photos, Maps, Calendar и многу други“.
„Со интегрирањето на Google асистентот во Samsung паметните телевизори, сакавме да ја поврземе дневната соба со остатокот од паметниот дома и да им помогне на корисниците подобро да управуваат со користењето на услугите на Google. Како дел од нашата соработка со Samsung, се стремиме да им понудиме помош со Google Assistant и на големите екрани на што поголем број корисници ширум светот,” рече Jack Krawczyk, главен менаџер на проиводи на Google Assistant.
Со создавањето на новиот „центар” во било која просторија од куќата, Samsung паметните телевизори сега ќе може да се користат за контрола на осветлувањето, поставувањето термостати, аларми или извршување на било какви други задачи, според командите на избраниот гласовен асистент.
Поврзани артикли