Прв пат во историјата, подводниот тунел под океанот ќе биде уреден со уметничка инсталација.
Работата на првиот подводен кружен тек е завршена под Атлантскиот океан, во склоп на работата на тунелот долг 11 километри под дното кој поврзува 2 од 18-те Фарски острови.
Кружниот тек наскоро ќе биде пуштен во употреба и не само што ќе служи за сообраќај, туку и необичниот инженерски потфат е разубавен со инсталација од локалниот уметник Трондур Патурсон.
Во својот најдлабок дел, тунелот „Ејстуројар“ лежи на 189 метри под дното на океанот.
Во 2014 година, Парламентот на Фарските Острови ги одобри плановите за изградба на тунел кој ќе ја поврзува престолнината Торшавн со две места на островот Ејстуројар – Рунавик и Стендур.
The first roundabout under the Atlantic Ocean is a reality. This is part of our new 11 km sub-sea tunnel connecting 2 of our 18 #FaroeIslands in a new & innovative way. This is our 3. sub-sea #tunnel. The roundabout is decorated beautifully by the Faroese artist Tróndur Patursson pic.twitter.com/dOHk4PdpYH
— Kristina Háfoss (@KristinaHafoss) December 3, 2020
Тунелот ќе го скрати растојанието помеѓу Торшавн кој се наоѓа на најголемиот и најнаселен остров Стрејмор, од две села на островот Ејстуројар од 55 на 17 километри.
Времето на патување ќе се скрати од еден час на 16 минути.
Во изградба е и втор тунел кој ќе ги поврзе островите Стрејмој и Сандој. Тунелскиот систем е најголемиот инфраструктурен проект во историјата на Фарските Острови и истиот се планира да биде готов до 2024 година.
Вредноста на работите на двата тунела се проценува на 265 милиони долари.
Работите на тунелот кон Ејстуројар беа планирани да завршат до почетокот на 2021 година, но тие беа завршени пред крајниот рок. Тој ќе биде отворен на 19 декември, кога ќе поминат сите безбедносни проверки.
Што се однесува до вториот тунел, околу 60 проценти од работата за дупчење е веќе завршена.
Извор: Srbija Danas
Поврзани артикли