Spotify е еден од водечките сервиси за стриминг на музика, а мобилната апликација на овој сервис е една од најпреземаните за Android и iOS уредите. На своите корисници, услугата им овозможува стриминг на голем број албуми. Меѓутоа, она во што мобилната верзија на сервисот заостануваше зад десктоп апликацијата е можноста за пуштање на музичките фајлови кои се наоѓаат во библиотеката на корисникот складирана на уредот.
Сега дојавувачот Jane Manchun Wong на Twitter сугерираше дека Spotify апликацијата наскоро би можела да добие можност да ја детектира и импортира локалната музика на корисникот. Скриншот ја прикажува опцијата „Show device files“ во мобилната апликација, со описот „Show all audio files on your device in Your Library“. Не е познато дали овој скриншoт пристигнува од необјавената бета за Spotify апликацијата, или е откриен и покренат во актуелната верзија на јавната апликација.
Spotify is finally working on on-device local files support for Android!
No need to sync it from your desktop anymore 😀 pic.twitter.com/fVKiFAyxbs
— Jane Manchun Wong (@wongmjane) December 6, 2020
Оваа функција би им овозможила на корисниците на мобилната Spotify апликација да уживаат во својата целосна колекција на музика, а сето тоа преку една апликација, наместо да се користат други Android или iOS музички плеери за нивните други песни или листи на музика.
Засега не е познато кога оваа функција ќе им стане достапна на корисниците, но сега барем се знае дека е во подготовка и дека се очекува.
Поврзани артикли