Еден нов малвер вешто се крие на неочекувани места, па жртвите ги демне добро маскиран, со цел да украде осетливи податоци, најпрвин оние што се во врска со платежните картички.
Креаторите го маскираат малверот во копчиња, што изгледаат како оние кои се користат на познатите платформи како што се Facebook, Twitter и Instagram. Така овие замки се поставуваат на лажни страници и компромитираните e-commerce сајтови. Кога еднаш ќе дојдат на саканите позиции, скриптите што се базираат на JavaScript собираат лични податоци и информации за платежните картички, и веднаш ги испраќаат на серверите на Magecart групата што стои зад овие напади.
Новиот малвер го откри група безбедносни експерти од Холандија, која работи на заштита на e-commerce корисниците од онлајн измами, и напади кои веќе се познати како Magecart. Малверот маскиран во копчињата за делење содржини е прилично успешен, а првиот од тој тип е забележан уште во јуни. Се работеше за полу-функционална верзија, која служеча како тест за малверот лансиран во септември.