Овој мал трик може да „ве спаси“ во текот на филмскиот маратон и гледањето серии дома, играњето игри или пак нешто слично.
Поентата е во бакарот, кој што се наоѓа во металните парички и ја примаат топлината.
Кога вашиот лаптоп е предолго време вклучен, има ризик да се прегрее. Меѓутоа, едно момче развило интересна домашна импровизација за решавање на овој проблем.
MacBook Proの内部温度が下がらなくて困ってるという人は、アルミよりも熱伝導率が優れている銅を使って熱を逃がすと良いので、まずは家にある十円玉をかき集めて試してみるべし。 pic.twitter.com/7hc6E8Tky9
— 鈴木秋則 (@akinori_suzuki) November 2, 2015
Акинори Сузуки, на социјалната мрежа Твитер поставил фотографија на која што се гледа како успеал да ги ублажи проблемите со прегревањето на својот лаптоп, така што поставил монети на својот компјутер. Тој објаснил дека монетите можат да ја впијат топлината и така да спречат вашиот лаптоп да се прегрее.
Монетата од 10 јени е особено добра за употреба (таа ја користело момчето) затоа што е составена од околу 95 отсто бакар, пренесува „IFL Science“.
Сузуки тврди дека трикот функционира затоа што бакарот има високa топлинска спроводливост, што овозможува побрз пренос на топлина од пластиката на самиот компјутер.
Извор: Prva.rs
Поврзани артикли