Сите бројки поврзани со видеоиграта на кинески miHoYo ја изненадуваат гејмерската сцена.
Ако сакате да го споредите бројот на играчи или заработката на оваа игра, и во двата случаи ќе добиете астрономски бројки и стремеж кон постојан раст.
Според најновите статистички податоци на веб-страницата Sensor Tower, Genshin Impact за два месеци заработила околу 393 милиони долари. Оваа open-world RPG игра заработи 60 милиони само во првата недела.
The weather is amazing today! Travelers, would you like to go on a stroll through Mondstadt with Barbara?
Thanks to @Lkeris_ for the artwork! https://t.co/pASsXUaxqd— Paimon (@GenshinImpact) December 3, 2020
Мобилната верзија на видеоиграта го зазеде второто место според заработката, веднаш зад Honor of Kings на Tencent, и веднаш над една друга видеоигра на Tencent, PUBG Mobile. Се смета дека Genshin заработува повеќе од 6 милиони долари на ден.
Интересно е што најголемиот дел од заработката доаѓа од играчи надвор од кинескиот пазар. Гејмерите од Јапонија и САД засега трошат најмногу пари. Genshin е на петтото место според заработката во овие земји, но и на јужнокорејскиот пазар. Корисниците на Apple App Store придонесуваат со 226 милиони долари, а на Google Play заработи 167 милиони долари.
Travelers,
We are once more thrilled to announce that Genshin Impact has won 2020's App Store Game of the Year Award!!!Paimon would like to thank you all for your continued support. You are all amazing!#GenshinImpact #AppStore #Bestof2020 pic.twitter.com/U8NxOk8yTD
— Paimon (@GenshinImpact) December 2, 2020
Genshin забави со заработувачката во вториот месец, но популацијата најверојатно малку се засити од содржината. Она што ќе биде интересно е како во иднина miHoYo ќе го задржи интересот на повеќе од еден милион играчи.
Извор: B92.net