Сите бројки поврзани со видеоиграта на кинески miHoYo ја изненадуваат гејмерската сцена.

Ако сакате да го споредите бројот на играчи или заработката на оваа игра, и во двата случаи ќе добиете астрономски бројки и стремеж кон постојан раст.

Според најновите статистички податоци на веб-страницата Sensor Tower, Genshin Impact  за два месеци заработила околу 393 милиони долари. Оваа open-world RPG игра заработи 60 милиони само во првата недела.

Мобилната верзија на видеоиграта го зазеде второто место според заработката, веднаш зад Honor of Kings на Tencent, и веднаш над една друга видеоигра на Tencent, PUBG Mobile. Се смета дека Genshin заработува повеќе од 6 милиони долари на ден.

Интересно е што најголемиот дел од заработката доаѓа од играчи надвор од кинескиот пазар. Гејмерите од Јапонија и САД засега трошат најмногу пари. Genshin е на петтото место според заработката во овие земји, но и на јужнокорејскиот пазар. Корисниците на Apple App Store придонесуваат со 226 милиони долари, а на Google Play заработи 167 милиони долари.

Genshin забави со заработувачката во вториот месец, но популацијата најверојатно малку се засити од содржината. Она што ќе биде интересно е како во иднина miHoYo ќе го задржи интересот на повеќе од еден милион играчи.

Извор: B92.net