Wyze Watch ги има најголемиот дел од опциите кои ги бараме од напредните паметни часови, а доаѓа со цена на која тешко кој сличен уред може да ѝ конкурира.
Овој паметен часовник ќе биде достапен во две верзии – 44 и 47 милиметри, а ќе се продава по цена од само 20 долари, односно околу 1.200 денари.
Посебно интересно е да се видат опциите на овој часовник, затоа што покрај неколкуте недостатоци (нема GPS и гласовен асистент) Wyze Watch нуди речиси се што нуди еден паметен часовник на големите брендови кој е повеќекратно поскап.
Овој часовник ги мери отчукувањата на срцето, заситеноста на крвта со кислород, бројот на поминати чекори, а ја следи активноста и квалитетот на спиењето. Исто така, отпорен е на вода (до 2 метри длабочина) и има интеграција со Google Fit и Apple Health.
Тоа што посебно се издвојува е моќната батерија која може да издржи до девет часа со едно полнење. Иако не е познато на кој оперативен систем работи, Wyze Watch може да се поврзе со паметен телефон и ги поддржува најпопуларните апликации како Instagram, Twitter, WhatsApp, Gmail и слично.
Wyze Watch со изгледот помалку потсетува на уредите на Apple. Помалиот уред доаѓа со 1,4-инчен екран со резолуција од 320х320 пиксели, додека поголемиот модел има 1,75-инчен екран и резолуција од 320х385 пиксели. И двата уреди имаат 16 GB интерна меморија.
Извор: Zimo.hr