Комуникацијата на работното место во текот на оваа година беше во голем фокус, а бројни компании го искористија фактот дека многу работодавци сè уште не можат да се вратат во своите канцеларии. Голем број од нив ги форсираа своите деловни алатки и апликации за продуктивност, додека другите беа фокусирани на начини да го прошират својот бизнис и подобро да се прилагодат на новонастанатата ситуација.
Најновите информации од областа на алатките за продуктивност укажуваат на тоа дека Salesforce најави купување на Slack за неверојатни 27,7 милијарди долари.
Slack излезе на берзата минатата година со вредност од 19 милијарди долари, пред да падне вредноста на акциите на компанијата. Но, понудата на Salesforce, која нуди пакет продажни и маркетиншки софтверски алатки, покажува колку е важно да се исполнат барањата за работа на далечина. Заедно, компаниите планираат да ги комбинираат своите екосистеми на апликации, за да создадат сеопфатна платформа што ги обединува сите аспекти на постоечкиот процес на работа на компаниите.
„Salesforce и Slack заедно ќе ја обликуваат иднината на деловниот софтвер и ќе го трансформираат начинот на кој сите работат во целосно дигитален свет“, нагласи извршниот директор на Salesforce, Марк Бениоф.
Благодарение на оваа нова аквизиција, Slack ќе биде значително поподготвен да им конкурира на големите играчи на пазарот. Slack и Salesforce ќе имаат корист од овој договор, што се очекува да биде склучен во текот на вториот фискален квартал од 2022. година.