Авионите Boeing 737 Max произведени по март 2019 година, добија сертификат за летање од американската Федерална агенција за контрола на летање (ФАА).
Агенцијата на 18 ноември ја укина забраната за летови воведена за тие авиони лани, по двете трагични несреќи во период од пет месеци во кои загинаа 346 лица. Потоа властите побараа од Boeing да направи низа софтверски промени и да организира нова обука за пилотите пред да добие нова лиценца за управување со ваков вид авиони.
Од 2019 година, Boeing произведе околу 450 авиони 737 Max, кои се приземјени и чекаат дозвола на ФАА за повторно летање.
Поврзани артикли