Се очекува дека компанијата OnePlus порано од вообичаеното ќе ја објави својата следна премиум линија телефони, која ја сочинуваат моделите од OnePlus 9 серијата. Покрај OnePlus 9 и 9 Pro се очекува претставување на уште еден уред во форма на OnePlus 9E.
Според наводите на доверливиот дојавувач Max Jambor (@MaxJmb), OnePlus 9E ќе биде третиот уред во линијата на кинеската компанија што ќе биде објавен на почетокот на 2021. година. Освен потенцијалното име, ништо друго не е познато за телефонот, а би можел да биде подостапен модел во рамките на OnePlus 9 серијата.
Дојавувачот сугерира дека OnePlus 9E ќе биде одговор на Samsung и дека преку него, новата серија ќе биде достапна за секој ценовен сегмент. Со оглед на тоа дека OnePlus преку Nord серијата веќе зачекори во подостапниот сегмент на пазарот, ќе биде интересно да се види што поинакво би можел да понуди OnePlus 9E.
Max Jambor, исто така, истакнува дека како во случајот на Nord серијата, некои функциии и хардвер ќе изостанат од OnePlus 9E моделот, за да се задржи ниската цена на уредот.
Нови прикази покажуваат како може да изгледа OnePlus 9 Pro (ВИДЕО)