Јужнокорејската технолошка компанија LG Corp објави дека нејзиниот одбор одлучи да го преструктуира конгломератот LG Group со разделување на некои нејзини единици, како што е производителот на дисплеј чипови Silicon Works, за да формира нов конгломерат следната година, пренесува Reuters.
Ова е уште една серија зделки и реконструкции од семејни конгломерати, бидејќи тие продолжуваат да растат и да се пренесуваат од генерација на генерација. Реорганизацијата може да помогне во надминување на регулаторниот притисок за ограничување на трансакциите во рамките на групите во семејни конгломерати.
Ку Бон-џун ќе биде извршен директор на новата холдинг-компанија, според документите на LG Corp. доставени до регулаторите. Управата со овие подружници ќе ја преземе неговиот внук, кој ја презеде претседателската функција во групацијата LG во 2018. година, откако почина неговиот татко.
LG Group е четврти по големина јужнокорејски конгломерат и неговата основна дејност вклучува потрошувачка електроника, хемикалии, производи за домаќинството и козметика, како и компоненти како што се батерии и дисплеи што ги користат производите на GM, Tesla и Apple.