Google во текот на годините претстави многу производи и сервиси, а некои се преклопувале и создавале забуна. Hangouts е одличен пример за тоа, посебно што претходно претставуваше и единствен начин за извршување на групни видео повици.
Google ги промени правилата на игра во моментот кога ги објави Google Meet и Google Duo, кои поддржуваат слични можности како и Hangouts. Токму тоа е причината што последниот остана без групни видео повици, и корисниците се насочуваат на помладиот Google Meet, кој и натаму ја нуди таа опција. Корисниците на Hangouts при стартувањето на апликацијата добиваат порака дека групните повици сега се пренасочуваат на Google Meet платформата, а се претставуваат и некои други предности на новиот сервис.
Со ова станува уште појасно дека Hangouts наското заминува во заслужена пензија, а веќе е најавено дека сервисот официјално ќе згасне во првата половина на 2021. година.
Поврзани артикли