Претходно овој месец се појавија првите рендери за претстојниот OnePlus 9 Pro телефон, а покажуваат дека кинеската компанија избрала дизајн на системот на камери на задната страна кој е сличен на 8T и Nord N серијата.
Тоа се два поистакнати сензори, со уште два помали. Се очекува дека ќе бидат широк, ултраширок и телефото, додека функцијата на четвртиот сензор засега не се знае. Судејќи според се, нема да има IR камера, ниту перископ сензор.
Сајтот LetsGoDigital и Concept Creator со заеднички сили креираа нови прикази на претстојниот OnePlus 9 Pro телефон, а забележително е поизразеното зактивување на екранот во однос на OnePlus 8 Pro моделот.
Екранот би требало да ја задржи дијагоналата од 6,7 инчи, а гласините сугерираат освежување од 144Hz. Покрај тоа, OnePlus 9 Pro би можел да има подобри стерео звучници со Dolby Atmos поддршка.
OnePlus 9 и 9 Pro се очекуваат кон средината на март, а ќе ги покренува новиот Snapdragon 875 чипсет, кој наскоро ќе биде претставен. Претходно е спомената и поддршката за 65W полнење, а двата модела на Geekbench се забележани со 8GB RAM.
Поврзани артикли