Првите 25 доброволци постари од 60 години, кои ја примиле вакцината против коронавирус која ја развива рускиот истражувачки центар за вирологија и биотехнологија „Вектор“, немале никакви компликации, изјавил шефот на Центарот за инфективни болести, Александар Рижиков.
„Тестирањето започна на 21-ви ноември, врз лица постари од 60 години. Првите 25 доброволци ја примија вакцината и досега не забележавме никакви негативни реакции“, рекол тој на конференцијата за новинари, пренесува „Тас с“.
Вакцината која ја произведува „Вектор“, регистрирана е на 14-ти октомври, а на 16-ти ноември е издадена дозвола за нови истражувања на доброволци постари од 60 години.
Поврзани артикли