Против штетното влијание на животната околина, во текот на следните децении ќе се пука од сите можни оружја. Една од основите на оваа борба е намалувањето на електронскиот отпад. Европската унија се обврза дека до средината на декември на својата територија, со прописи ќе ги тера производителите на разни уреди (најмногу лаптопи, телефони и таблети), на своите производи да им обезбедат што е можно подолг работен век, како и со конструкцијата да го олеснат сервисирањето.
Пред неколку дена, ваквата тенденција доби и своја официјална форма. Предлогот на Европската комисија што го дефинира „правото на поправка“ се најде пред Европскиот парламент, каде што доби значајна поддршка. За него гласаа 395 парламентарци, против беа 94, додека 207 останаа воздржани.
Во пракса, последицата на ваквата одлука ќе биде воведувањето на нова налепница, која ќе ги краси амбалажите на електронските уреди. Нејзнината намена е со оценка од 1 до 10 јасно да им даде до знаење на потрошувачите колку одреден производ е подложен на поправки. Засега само Франција пружи прецизен датум на стапување на сила на новиот стандард (од 1. јануари, 2021), но и останатите членки наскоро ќе се придружат.
Поврзани артикли