Астронаутот на NASA, Виктор Гловер, еден од четворицата кои се наоѓаат во капсулата на SpaceX, Crew Dragon објави видео снимка од импресивниот поглед на Земјата од вселената.

Ова е прв пат Гловер да замине во вселената и ова е неговото прво снимено и објавено видео на Twitter.

Астронаутот истакна дека погледот е неверојатен и дека снимката тоа не може да го прикаже вистински. Тој седејќи покрај прозорецот го сними својот поглед на Земјата, кој навистина изгледа импресивно.

Претходно оваа седмица Гловер на Twitter објави и фотографија од својот „нов дом“ во кој ќе ги помине следните месеци, работејќи од Меѓународната вселенска станица. За шест месеци, астронаутите ќе работат на разни научни експерименти и ќе одат во вселенски прошетки.