Во Сингапур мајка што во март, за време на бременоста била инфицирана од новиот коронавирус, роди бебе кое има антитела, но не и Ковид-19.
Бебето е родено минатиот месец. Тоа е нов доказ дека Ковид-19 може да се пренесе од мајкатана плодот. Се претпоставува дека мајката ги пренела своите антитела на плодот за време на бременоста.
Светска здравствена организација и понатаму нема сознанија дали мајката може да ја пренесе заразата на фетусот за време на бременоста или на бебето за време на породувањето. Досега не е пронајден Ковид-19 во плодовата вода и во мајчиното млеко.
Американските лекари во октомври соопштија дека е реткост пренесувањето на Ковид-19 од мајката на новороденчето.
Поврзани артикли