HMD Global ја најави Nokia 5.3 уште во март, а сега дознаваме нешто и за Nokia 5.4, која според наводите на Nokiapoweruser ќе биде лансирана порано од вообичаеното.

Информацијата, исто така, тврди дека за разлика од моделот 5.3 кој има екран со засек во вид на капка, екранот на моделот 5.4 ќе добие отвор за камерата во дисплејот и дијагонално ќе изнесува околу 6,4 инчи. Исто така, ќе има малку подобар чипсет, но не е баш јасно кој.

Изворот тврди и дека Nokia 5.4 ќе има две мемориски конфигурации – 4GB/64GB и 4GB/128GB. Најпрвин ќе биде во сини и виолетови варијанти, а подоцна ќе бидат достапни повеќе опции на бои.

Се очекува дека Nokia 5.4 ќе има четирикратен модул на камерата како на Nokia 5.3, а можно е дека ќе пристигне заедно со Nokia 7.3 5G до крајот на 2020. година.