Иако многу креатори денес нудат 8K содржини на YouTube, поголем дел од гледачите на платформата немаат пристап до поддржан уред за стриминг на содржини во оваа резолуција. А неколкумина колку што имаат 8K телевизор, не можат да ги стримаат видеата во 8K, бидејќи YouTube апликацијата за Android TV не ја поддржува оваа резолуција. Сепак, тоа наскоро ќе се промени, бидејќи најдновото ажурирање на YouTube за Android TV донесува ограничена поддршка за стриминг од 8K.
Според неодамнешниот извештај на сајтот Android Police, YouTube TV за Android v. 2.12.08 вклучува поддршка за 8K стриминг за телевизорите со Android 10 и поновите верзии. Во евиденцијата на промените стои дека ажурирањето донесува поддршка за 8K стриминг на ограничен број уреди, но не прецизира кои точно модели се моментно поддржани. Во случај да имате поддржан уред, би требало да ја видите новата поставка од 8K во опциите за квалитет на видеото на поддржаните видео снимки.
Заедно со ограничената поддршка за 8K стриминг, ажурирањето на YouTube за Android TV донесува уште една вредна промена – поддршка за Cast Connect. За оние кои не се свесни, Cast Connect ќе им овозможи на корисниците да го контролираат емитуваниот медиум на својот Android TV со помош на далечиснкиот управувач на телевизорот, наместо да го контролираат со помош на уредот што го емитува медиумот. Ова всушност би требало да го направи емитувањето беспрекорно искуство на Android телевизорите.