Кога iOS 14 се појави во септември, Google беше еден од првите кој објави виџет за почетниот екран за една од своите iPhone и iPad апликации. Сега исфрли нови виџети за Gmail, Drive и Fit.
Некои од новите виџети изгледаат покорисно од другите. На пример, оној што доаѓа со Google Fit изгледа одлично. Не само што ви овозможува да го видите напредокот што го остварувате во дневните цели, туку ви пружа и неделен преглед на вашите активности.
Со помош на виџетот за Gmail можете да го пребарате сандачето и да почнете со состаување на електронска пошта. Исто така, го прикажува бројот на непрочитани пораки, што е нешто што веќе можете да го видите ако фрлите поглед на иконата на апликацијата.
Компанијата работи и на виџети за Gcal и Chrome. Првиот ви пружа преглед на вашите претстојни состаноци. Кликањето на една од иконите ќе ви овозможи да го видите целиот календар. Во меѓувреме, Chrome ви овозможува да пребарате или внесете URL, да отворите таб во режим без архивирање, да извршите гласовно пребарување или скенирате QR код. Google вели дека помалата верзија на виџетот доаѓа со мало изненадување во облик на диносаурус на почетниот екран.