Android апликациите веќе можат да се стартуваат во рамките на Windows 10, благодарение на амулаторите како што е Bluestacks, но компанијата наскоро би можела да ги елиминира посредниците и на корисниците да им пружи директна поддршка за саканите апликации.
Веќе се зборува за тоа дека Android апликациите пристигнуваат во Microsoft Store, но се уште ништо не се знае за тоа како би можел да се изведе овој план. Многу апликации, како Gmail и Uber, бараат Google Play Services поддршка, но се претпоставува дека Microsoft не планира овој систем да го интегрира во Windows 10, бидејќи тоа не го направија и другите кои во својата понуда воведоа Android апликации (BlackBerry 10, рани обиди во рамките на Windows 10 Mobile).
Се истакнува дека Android апликациите би биле добредојдени во Windows 10, посебно откако macOS веќе доби поддршка за iPad и iPhone апликациите. Се очекува програмерите во иднина своите апликации да ги прилагодуваат на поголемите дисплеи.
Поврзани артикли