Јапонските експерти за расклопување на телефони, Fomalhaut Techno Solutions објавија извештаи за трошоците за материјалите (BoM) за iPhone 12 и iPhone 12 Pro, давајќи ни приближна цена на трошоците на компонентите за изработка на овие два телефона. Новиот iPhone 12 BoM чини 373 долари, додека 12 Pro чини 406 долари. Само за потсетување, iPhone 12 во малопродажба чини 829 долари, додека основната цена 12 Pro изнесува 999 долари.
Најскапи компоненти на новите iPhone модели се нивните OLED дисплеи што ги произведе Samsung, а кои се проценуваат на 70 долари по примерок и Qualcomm X55 5G модемор кој чини околу 90 долари. Трошоците за производство на A14 Bionic чипот чинат 40 долари, додека останатите компоненти како RAM (12,8 долари по примерок) и флеш меморија (19,2 долари по примерок) се меѓу поскапите делови. Сензорите на Sony за камерата кои ги красат новите iPhone уреди се движат помеѓу 7,4 и 7,9 долари по примерок.
Исто така, имаме интересен графикон кој ги прикажува снабдувачите на компоненти по региони, а Јужна Кореја сочинува 26,8 проценти од сите делови во новите модели на iPhone, следуваат САД so 21,9 отсто и Јапонија со 13,6%. Apple и натаму поголем дел од своите iPhone уреди ги склопува во Кина.