Poco M3 беше претставен на онлајн настан, а истовремено, Poco Global се издвои како сопствен бренд, се повеќе независен од Xiaomi. Ова се случува откако шест милиони Poco телефони се продадени на повеќе од 35 светски пазари, што го прави многу успешен под-бренд. Неговиот најнов буџетски телефон може да се пофали со огромна батерија од 6000 mAh, голем екран од 6,53 инчи и троен систем на камери, на чело со главниот сензор од 48MP.
Бидејќи почнува со цена од 149 евра, Poco M3 е одлична буџетска верзија за разлика од достапните смартфони на Poco со подобра хардверска понуда. Го покренува скромниот Snapdragon 662 чипсет со Adreno 610 графија. Најевтиниот модел доаѓа со 4 GB RAM и 64 GB простор за складирање, додека варијантата од 169 евра го зголемува капацитетот на 128 GB.
Уредот поседува три камери, но веројатно можеме да очекуваме само пристојни, но не и врвни фотографии од главниот модул од 48 мегапиксели. Квалитетот на макро и сензорот за длабочина од 2 мегапиксела и натаму се сомнително во оваа буџетска категорија и прашање е нивната полна функционалност. Останатите значајни карактеристики вклучуваат приклучок за слушалки, проширливо складирање и два звучника со Hi-Res звук. Биометриската заштита е исто така присутна, во облик на бочно поставен скенер на отпечатоци од прсти и AI отклучување на лицето.
Достапноста во Европа почнува на Black Friday, што значи дека цените веројатно ќе паднат на 129, односно 149 евра за помоќниот модел.